Општина Велес денес организираше новогодишно дружење за околу 120 деца и лица со попречености од Дневниот центар во Велес, учениците од Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова”, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, како и за деца без родители и родителска грижа.
Во просториите на Општина Велес тие имаа можност да ја проследат новогодишната театарска претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз”, а забавата беше надополнета со настапот на членовите од белетското студио „Анабела”. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги поздрави присутните и им ги честиташе новогодишните и божиќните празници, а од Општина Велес добија новогодишни пакетчиња.