Општина Велес е највисоко рангирана на Барометарот за веб транспарентност на Центарот за управување со промени (ЦУП) кој се однесува на веб-транспарентност во 2020 година на општините.
Во образложението на Центарот за управување со промени (ЦУП) се истакнува дека Општина Велес објавува најмногу информации на општинската интернет страница за работата во рамките на своите надлежности.
Барометарот за веб транспарентност ги рангира единиците на локалната самоупарав според нивото на проактивна транспарентност во рамки на дефинирана рамка на индикатори, кои се составен дел на „Стандардите за е-транспарентност на единиците на локална самоуправа”, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место”, финансиран од Европската унија.
Истражувањето е спроведено во периодот февруари – март 2020 година.