Општинскиот штаб за заштита и спасување денес ја одржа седмата седница на која определи економски оператори – маркети на кои им издаде дозвола за работа и движење во време на забрана на движење за деновите 11 и 12 април (сабота и недела) 2020 година за период од 08:00 до 20:00 часот, со цел достава на најнеопходни намирници (прехранбени продукти и средства за хигиена):
ДПТУ „ЖИТО” ДООЕЛ извоз-увоз Велес
Маркет бр.9 на ул. „Благој Ѓорев” бр.166 телефон 070/316-312 и 076/848-484
Маркет бр.4 на ул. „Анѓел Мишев” бр. 46 телефон 071/310-711 и 375-597;
ТП „Афродита” Велес ул. „Тодор Јанев” бб телефон 071-888-623 и 075/367-057;
„Нов К’смет – Гостилница Снупи”
Објект на ул. „Љубљанска” бр.2 телефон 078/821-342;
ДПТУ „Круг ФООД” ДООЕЛ Велес
Објект на ул. „Христо Татарчев” бр. 2/А телефон 078/720-506;
Сендвичарница „Диферент 2017” Велес
Објект на ул. „Благој Ѓорев” бр. 47 телефон 077/506-169;
Гостилница „Деспина Марија” Велес
Објект на ул. „Лазо Осмаков” бр. 12 Велес телефон 070/250-285;
„Нели маркет” село Бузалково
„ИКО-ПРОМ” ул. „Сараевска” бб село Горно Оризари
Се задолжуваат економските оператори – маркети да го почитуваат времето за кое важи дозволата.