На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста дека според податоците од Општинската организација на Црвениот крст состојбите се значително подобрени. Во текот на измината седмица немало телефонски повици за посета од страна на мобилниот лекар, како и барања за достава на храна и лекови. Девет лица побарале помош за психосоцијална подршка.
Од страна на Општинската организација на Црвениот крст доделени се 90 пакети со хуманитарна помош, од кои 45 се со продукти за исхрана и 45 со хигиенски производи.
Денес ќе биде извршена достава на помош за две семејства во село Рудник.
Како што нагласи Коцевски, на вчерашната вонредна крводарителска акција во велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски Бауман” обезбедени се 25 крвни единици од лица вработени во касарната. Во моментов, војниците се надвор од неа со оглед на состојбата со Ковид-19.
Од Црвениот крст е доставено барање за одржување на трета вонредна крводарителска акција и истата ќе биде организирана на 22 јуни во Ликовниот салон, додаде Коцевски.