Денеска се навршуваат 81 години откако Антологиската ,,Бели Мугри“ на Рацин го здогледа светлото на денот. Во печатницата на Драгутин Шпулер, во далечната 1939 година,во градчето Самобор,Хрватска,се ,роди,, стихизбирката која претставува најзначајно поетско дело во современата македонска литература. Составена е од 12 песни, меѓу кои „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „На Струга дуќан да имам“, во кои Рацин ги опишува тешките маки аргатски и револуционерниот порив на угнетените. Насловот на стхозбирката е симболичен и претставуваново утро, нов почеток кој го посакувале, работниците, аргатите, експлоатираните луѓе. Пишувана е под влијание на народната поезија, како и на ,,Зборникот“ на браќата Миладиновци.
Заслужен за издавањето на ,,Бели Мугри“, како што посочуваат познавачите на делото на Рацин, е познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа. Тој го поддржал излегувањето од печат на стихозбирката која не можела да се издаде во Македонија бидејќи во тоа време таа била во рамки на Кралството Југославија. Поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот Коста Солев, тој ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“, кој го зел заради неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца.
Поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот Коста Солев, тој ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“, кој го зел заради неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца.
Тоа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски „Народни бигори“ и „Огинот“, во 1938 година.
Општина Велес секоја година на достоинствен начин го одбележува овој ден,25 ноември, со поетски осврт и читање на стихови од срихозбирката на Рацин.