Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2020 година со Одлука бр бр. 25-4504/5 од 15.11.2019 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
По
Предлог Детален урбанистички план за дел од урбан блок 56 и дел од урбан блок 57, урбана единица 11, Општина Велес
Граници на опфатот се :
- На исток и југоисток по осовина на ул. „Благој Ѓорев“
- На север . северозапад граничи со ул.„Новопроектирана 01“
- На југ граничи со КП 17604/1
- На југозапд граничи со КП 17548
- На запад граничи со КП 17 552, КП 17554, КП 17555 и КП 17556
Опфатот е со површина од 9.14 ха и е со должина од 1511,50 м’
Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за дел од урбан блок 56 и дел од урбан блок 57, урбана единица 11, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 04.12 до 18.12 2020 год., од 7,30 до 15.30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.12.2020 година во 10:00 часот преку конференциска врска со употреба на софтврската алатка Cisco Webex Meeting.
Линк за Jавна презентација по предлог ДУП за дел од УБ 56 и дел од УБ 57, УЕ 11, Општина Велес:
Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=mcefc741b3be1bad31279e3503f27c93e
Meeting number: 174 881 8826
Password: fxYtw32fQX8
За следење на јавната презентација, потребно e да го преземете и да ја инсталирате програмата Cisco Webex Meetings преку следниве линкови:
Windows: https://www.webex.com/downloads.html
Android: – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.cisco.webex.meetings
IOS – Apple (iPhone): https://itunes.apple.com/us/app/cisco-webex-meetings/id298844386