Почитувани крводарители и членови на Црвениот крст,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Седумнаесети март е денот кога упатуваме огромна благодарност кон хуманите луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи. Крводарителството се темели на принципите на хуманост, непристрасност, солидарност, независност, единство, универзалност. Ова е денот кога се потсетуваме што значи да се дарува крв и како овој хуман гест спасува илјадници животи ширум светот.

Дарувањето крв не е само чин на хуманост, дарувањето крв е повик, доблест, љубов, највозвишена карактерна особина на човекот.

Вам почитувани сограѓанки и сограѓани кои ја дарувате својата крв, Ви посакувам добро здравје и да продолжите да ја ширите хуманата мисија меѓу своите сограѓани и идни генерации.

На Општинската организација на Црвен крст Велес и посакувам уште многу успешни крводарителски акции во името на хуманоста. Општина Велес и понатаму ќе Ве поддржува во сите хуманитарни активности значајни зе целата нација.

 

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,

Аце Коцевски