Почитувани припадници на македонската полиција,

 

Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите граѓанки и граѓани и во свое лично име Ви го честитам 7 мај, Денот на полицијата.

Јавниот ред, мирот и безбедноста во едно современо општество се одраз на професионалната посветеност, дисциплинираност и одговорност на припадниците на полицијата. Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Како бескомпромисни чувари на законот и јавната безбедност секојдневно се соочувате со нови предизвици и безбедносни закани. Во услови на криза од каков било вид, секогаш сте во првите редови на браникот на татковината и вашите сограѓани.

Продолжете да работите професионално, чесно и достоинствено во заштита на интересите на државата и граѓаните, а тие ќе ви вратат со почит и доверба. Вие и понатаму останувате гаранција за заштита на уставно-правниот поредок, за спроведување на законите и за личната и имотна сигурност на секој од нас.

Посакувам да бидете истрајни во борбата со пандемијата, да се чувате Вие и вашите семејства. На личен план Ви посакувам многу среќа и успех во работата.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски