По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев”, Општина Велес организираше интерактивна работилница за млади со претставници на Мисијата на Мировниот корпус.
Младите велешанки и велешани разговараа за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во градот, но и за можностите кои ги нудат невладините организации, фондациите и меѓународните програми. Споделија лични искуства од учества на разни проекти, но и се запознаа со работењето на Мировниот корпус и на волонтерите од САД кои активно волонтираат во многу држави во светот.
За искуствата од успешната досегашна соработка на Мировниот корпус на национално, но и на локално ниво, зборуваше Дејвид Рут, програмски директор на Мировниот корпус. Додека пак, регионалниот менаџер, Теута Салији, ги запозна младите за програмските активности кои ги спроведува Мировниот корпус.
Мисијата на Мировниот корпус донираше и 145 наслови на англиски јазик, книги наменети за Локалната библиотека „Гоце Делчев “, односно за сите љубители на пишаниот збор.