ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА АТАНАС КРЛЕВСКИ ВО РАМКИ НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021“

Изложба на аматерски фотографии од авторот Атанас Крлевски, насловена како „Велес од мојот објектив“ е дел од програмата на „Велешко лето 2021“. Ова е втора изложба на Крлевски на која се презентирани педесетина фотографии во ликовниот салон во Велес. Промотор на изложбата е Елица Николова, кустос-советник при ЛУ Народен музеј Велес. Покрај изложбата на фотографии…

СО ДОНАЦИЈА ОД МИРОВНИОТ КОРПУС ОДБЕЛЕЖАН 12 АВГУСТ, ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ

По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев”, Општина Велес организираше интерактивна работилница за млади со претставници на Мисијата на Мировниот корпус. Младите велешанки и велешани разговараа за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во градот, но и за можностите кои ги нудат невладините организации, фондациите…