Изложба на аматерски фотографии од авторот Атанас Крлевски, насловена како „Велес од мојот објектив“ е дел од програмата на „Велешко лето 2021“. Ова е втора изложба на Крлевски на која се презентирани педесетина фотографии во ликовниот салон во Велес. Промотор на изложбата е Елица Николова, кустос-советник при ЛУ Народен музеј Велес.

Покрај изложбата на фотографии промовирана е и неговата книга афоризми „Крлевизми – избрани афоризми“, која е излезена од печат во 2020 година. Промотор на книгата е проф. д-р Ана Витанова Рингачева.

„Велешко лето 2021“ е во организација на Општина Велес. Сите културни настани се реализираат во согласност со протоколите за одржување на настани.