Почитувани,

 

Во име на Советот на Општина Велес и во мое лично име, на сите припадници на православната вероисповед, им го честитам големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски.

Еден од првите средновековни словенски светци, научник, писaтел и просветител на Словените, Свети Климент Охридски бил најревносниот и  најистакнаиот ученик на Светите Кирил и Методиј кој продолжил посветено да ја негува и пренесува нивната мисија. Тој е основоположник на македонската црковна и народна духовност, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На овој голем ден да му ја оддадеме должната почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело со кое нè задолжи сите и ни покажа  како мудро и трпеливо да ги надминуваме сите предизвици на патот кон иднината.

Ви посакувам убав празничен ден во кругот на семејството.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина  Велес

                   Марко Колев