Општина Велес ги информира Здруженијата на граѓани дека во понеделник, 20 декември 2021 година, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Општина Велес (Голема сала), ќе се одржи Јавна расправа за приоритетните области за поднесување на предлог проекти од страна на Здруженијата на граѓани, а во врска со проектот ReLOaD2.

Ве покануваме да учествувате на Јавната расправа и да дадете свое видување и сугестии за предлог на приоритетните области кои ќе бидат вклучени во насоките за поднесување на проекти по Јавниот повик (кој дополнително ќе се објави).

Поради актуелната состојба со Ковид-19 и почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот, препорачуваме присуство до двајца претставници од едно Здружение.

Присуство може да потврдите на е- маил: vladimir.smilev@veles.gov.mk.

Проектот ReLOaD2, во кој учествува и Општина Велес е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Со почит,

Општина Велес