Се известуваат граѓаните на Велес дека 25 Седница на Совет на Општина Велес ќе се одржи на 29.11.2022 година, вторник, со почеток во 09:00 часот во Електронската сала на Општина Велес. На Дневен ред на 25 Седница на Советот се 16 точки.
Седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 25 Седница ќе се одржат на 28.11.2022 година, понеделник, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина со почеток во 11:00 часот, Комисијата за општествени дејности со почеток во 15:30 часот, Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој во 09:00 часот, Комисија за спорт и млади во 14:00 часот во Електронската сала.
Седниците на Комисиите, исто како седницата на Советот, можат да се следат во живо на официјалниот јутјуб канал на Општина Велес.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк.