Поради големиот интерес на граѓаните на Општина Велес во врска со започнувањето со работа на новото кино, Ви соопштуваме:
Во салата „Бели мугри“ што се наоѓа во зградата на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ започна со работа новото кино во Велес. На големиот христијански празник Водици Богојавление, во киното се одржа првата проекција на филмот Аватар 2:Патот на водата“ а веднаш потоа и историската комедија „Вавилон“.
Граѓаните на Велес имаат можност секој ден во неделата да го изберат својот омилен филмски жанр од богатата и разновидна понуда на Киноверзум.
Повеќе детали за изборот на филмови можете да најдете на официјалната веб страница на Киноверзум на следниов линк: https://kinoverzum.mk/
Неделните проекции можете да ги видите на следниов линк: https://kinoverzum.mk/nedelna-programa/.