Во сабота, 08 април 2023 година започнува реконструкција на дел од улицата „Сараевска“ и тоа од куќен број 59 до спојот со улицата „Тодор Јанев“.
Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, ископ на земја и транспорт до депонија, планирање и валирање на подлогата, армирање и бетонирање со завршен слој бетон.
За време на изведување на градежните работи улицата ќе биде забранета за сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Општина Велес со апел до граѓаните да покажат трпение и разбирање за време на изведувањето на градежните зафати со цел безбедно и непречено реконструирање на улицата.
Во зависност од временските услови, реконструкцијата на улицата би траела околу 30 дена.