ПАКЕТИ СО ХРАНА ДОСТАВЕНИ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО С’ЛП

На барање на МЗ од село С’лп денеска се спроведе хуманитарна акција во организација на Општина Велес и ОО на Црвен крст Велес со поддршка на територијалната противпожарна единица. На жителите на селото им беа доделени пакети со храна и тоа 14 пакети во селото С’лп и по еден пакет за жителите во селата Карабуњиште…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ДИМЧЕ МИРЧЕВ

Денеска се одбележуваат 79 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк и пред споменикот во дворот на детската градинка што го носи неговото име. Со свечена програма и настап на најмладите – децата во градинката, установата го одбележа…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „САРАЕВСКА“

Во сабота, 08 април 2023 година започнува реконструкција на дел од улицата „Сараевска“ и тоа од куќен број 59 до спојот со улицата „Тодор Јанев“. Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, ископ на земја и транспорт до депонија, планирање и валирање на подлогата, армирање и бетонирање со завршен слој бетон.…