На барање на МЗ од село С’лп денеска се спроведе хуманитарна акција во организација на Општина Велес и ОО на Црвен крст Велес со поддршка на територијалната противпожарна единица. На жителите на селото им беа доделени пакети со храна и тоа 14 пакети во селото С’лп и по еден пакет за жителите во селата Карабуњиште и Лавчиште. Поради штрајкот на железничарите и несообраќањето на возовите, жителите од овие села беа отсечени од цивилизација и останаа без храна. Токму затоа претставници на општината и Црвен крст, со помош на џип од пожарната, и покрај екстремно лошиот пат, стигнаа до селото да им достават храна на тамошните жители. Општина Велес во соработка со најхуманата организација продолжува да работи во интерес на сите граѓани на Велес и велешко.