Општина Велес и годинава се приклучува на акцијата „Генералка викенд 23“ . Во рамки на акцијата за собирање на селектиран отпад ќе бидат вклучени децата од детската градинка „Димче Мирчев’, учениците од основните и средните училишта во градот, вработените во ЈКП „Дервен“ и граѓанските организации..
Првата акција ќе се одржи на 12 мај, петок, со почеток во 09:00 часот. Ќе се собира отпад во детските клонови на градинката и во основните и средни училишта.
Втората акција ќе се одржи на 13 мај, сабота, со почеток во 09:00 часот на улицата „АСНОМ“, на потегот од АМСМ до МК Стоби АД Велес.
Акцијата „Генералка викенд 23“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара-Скопје, Пакомак и Шпаркасе МК.
Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата за чистење за да го направиме градот почист и поубаво место за живеење.