Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Благој Ѓорев. Денеска се навршуваат 81 години од загинувањето на македонскиот комунист и учесник во НОБ.
Благој Ѓорев бил член на СКОЈ и на Комунистичката партија. Како младински и партиски активист бил еден од првите борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Во неговата куќа се печател партискиот весник „Народен глас“. Учествувал во сите борбени судири со бугарската војска и полиција. Бил убиен во заседа од бугарската полиција.
До 2020 година, велешката фабрика за масло и прехрамбени производи го носеше името на Благој Ѓорев.