Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-742/7 од 03.11.2023 год.,
Подносител на барањето:
Друштвото за производство и преработка на месо АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес за кланица со капацитет од 10 т/ден и обработка и преработка на готови производи од месо со капацитет од 5 т/ден
Адреса:
ул.Благој Ѓорев бр.92 Велес,
Локација на инсталацијата:
КП 15328/2, KП 15329, КП 15330, КП 15331/2, КП 15331/3, КП 15331/4, КП 15614/2, КП 15318 КО Велес, м.в. Бабуна, Велес
Контакт лице:
Виолета Бочварова – технички директор,
Тел: 070/216-390
Категорија на инсталација:
Прилог 2, точка 6
6.3 (а) Кланици со капацитет на производство на трупови поголеми од 5 т/ден, но помал од 50 т/ден и
6.3 (б) Обработка и преработка наменети за производство на храна од животински суровини (освен млекото), со капацитет за производство на готови производи од 5 до 75 т/ден.
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.