Со милозвучните новогодишни песни во изведба на хористите од хорот Св. Кирил и Методиј, вчера попладне започна четиридневниот новогодишен хепенинг во Младиснки парк во Велес. Во прекрасниот новогодишен амбиент велешани имаа можност да уживаат во неколкучасовната музичка програма што им ја приредија групата Д’чикс и диџеј Зорбитал.
Освен забава посетителите имаа можност да се стоплат со греено вино, да вкусат храна, а најмладите да се фотографираат со Снешко. Празничниот амбиент го надополнија и дрвените тезги полни со новогодишни украси и предмети од рачна изработка.
Под мотото „Празнично е да си дома – дома е Велес“, Општина Велес го организира Новогодишниот базар кој ќе трае до сабота вечер. Граѓаните ќе имаат можност да ја почуствуваат новогодишната магија и во убаво празнично расположение да ја дочекаат Новата 2024 година.