Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (“Службен весник на  РМ” бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, и “Службен весник на РСМ” бр. 89/22, 171/22 ),

Градоначалникот на Општина  Велес, на ден 04.01.2024 година  донесе:

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 48 и дел од УБ 49, УЕ 9 (Рамина), КО Велес, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 48 и дел од УБ 49, УЕ 9 (Рамина), КО Велес, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Согласно блоковската поделба од ГУП Велес, планскиот опфат се однесува за дел од УБ 48 и дел од УБ 49, УЕ 9 (Рамина), КО Велес, Општина Велес,  со намена: А – ДОМУВАЊЕ (А1 – Домување во куќи), Д – ЗЕЛЕНИЛО, РЕКРЕАЦИЈА И МЕМОРИЈАЛНИ ПРОСТОРИ (Д2 – Заштитно и сообраќајно зеленило, Д3 – Спорт и рекреација на зелени површини, Д4 – Меморијални зелени простори и гробишта), Е – ИНФРАСТРУКТУРА (Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури).
  • Од анализата на постојната состојба се констатира дека планскиот опфат со површина од 64448.03м² односно 6.44ха, претставува делумно изградено земјиште со парцели, а со изработката на ДУП за дел од УБ 48 и за дел од 49, УЕ 9 (Рамина), К.О. Велес, Општина Велес, треба да се обезбедат нови површини за градба со наведената намена, со компатибилните намени на неа во согласнот со важечките стандарди и прописи.
  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Одлука и формулар за неспроведување на СЕА