Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Службен весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:

 

Подносител на барањето:

Друштвото за производство и преработка на месо АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес за инсталација: – Кланици со капацитет на производство на трупови поголеми од 5 т/ден, но помал од 50 т/ден и дел за обработка и преработка наменети за производство на храна од животински суровини (освен млекото), со капацитет за производство на готови производи од 5 до 75 т/ден

 

Седиште на операторот:

ул. Благој Ѓорев бр.92 во Велес

 

Локација на инсталацијата:

КП 15328/2, KП 15329, КП 15330, КП 15331/2, КП 15331/3, КП 15331/4, КП      15614/2, КП 15318 КО Велес, м.в. Бабуна, Велес

 

Контакт лице:

Виолета Бочварова – технички директор,

Тел: 070/216-390

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2, точка 6

6.3 (а) Кланици со капацитет на производство на трупови поголеми од 5 т/ден, но помал од 50 т/ден и

6.3 (б) Обработка и преработка наменети за производство на храна од животински суровини (освен млекото), со капацитет за производство на готови производи од 5 до 75 т/ден

 

Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk