Во завршна фаза се градежните зафати на тротоарите на улица „Невена Георгиева Дуња“ . Со градежните работи се изврши поплочување со бехатон плочки на вкупна површина од 300 метри квадратни со цел безбедно движење на пешаците во овој дел на градот.
Општина Велес продолжува со реализација на планираните активности во служба и во корист на граѓаните.