Врз основа на член 17-г од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Републиика Македонија’’ бр.338/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12,119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.75/19, 89/22 и 274/22), како и чл.6 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен весник на Републиика Северна Македонија’’ бр.283/22), се известува кандидатот коj успешно ја помина асминистративната селекција за член на управен одбор на ЈКП Дервен, пријавен на Јавниот повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП Дервен Велес бр.25-4864/24 од 28.11.2023 година дека
-Интервјуто (фаза 2) ќе биде спроведено на ден 23.01.2024 година (вторник) во 10 часот во Прес салата на Општина Велес
На интервјуто преку ситуациони прашања ќе бидат проверени општите работни компетенции за член на управен одбор на јавното претпријатие и преку стручни прашања или практични задачи ќе се проверуваат посебните работни компетенции на кандидатот.