Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),
Градоначалникот на Општина Велес, на ден 16.02.2024 година донесесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б4.1-Деловни згради со канцеларии и пропратни содржини на дел од КП1217/2, КП 1217/3, КП 1217/4, КП 1217/5, КО Башино Село, Општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б4.1 – Деловни згради со канцеларии и пропратни содржини на дел од КП1217/2, КП 1217/3, КП 1217/4, КП 1217/5, КО Башино Село, Општина Велес нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
- Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење со површина од 3418 м2,
- Планскиот документ е со намена:
Б4.1 – Деловни згради со канцеларии и
НЗ – Неизградено земјиште.
Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната