Заврши изградбата на Регионалниот ценатр за згрижување на бездомни кучиња во Кавадарци. Градоначалникот Марко Колев заедно со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалниците на останатите општини на Вардарски регион го означија крајот на градежните работи за изградба и уредување на стационарот. Во новоизградениот центар ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот со што конечно ќе се реши децениски проблем.
Стационарот ќе отпочне со работа по завршувањето на изборниот процес кога ќе има законска можност да се спроведат постапките за вработување на раководни лица.
Регионалниот центар за згрижување и третман на бездомни кучиња е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка.