Денеска се одбележуваат 82 години од херојскиот подвиг на велешките гимназијалци кои храбро и истрајно, покрај притисокот од школските власти се организирале и дигнале бунт против бугарските власти. Одбиле да учат на бугарски јазик и да носат бугарска школска униформа и со поддршка на дел од наставниците и родителите го кренале гласот против воведување на бугарскиот како мајчин и против бугарската асимилаторска политика врз македонскиот народ.
Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов Анче Андреев се само дел од гимназијалците кои го организирале штрајкот во Гимназијата. Меѓу нив е и Никола Стојанов, кој сè уште, во сто и првата година од својот живот, сведочи за историскиот настан.
Нивниот херојски подгвиг нека биде поттик за сите сегашни и идни генерации да го чуваат мајчиниот јазик и својата национална самобитност.
По повод годишнината, Гимназијата Кочо Рацин вечерва ќе одржи театарска претстава „Штрајкот на велешките гимназијалци“ на малата сцена на театарот Ј.Х.К.Џинот, со почеток во 18:00 часот.