По повод 122 годишнината од смрттта на учителот и револуционер Петар Михов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на учителот во црквата Св. Спас.
Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен во скопскиот затвор Куршумли Ан каде е ѕверски мачен и на 6 мај е пронајден мртов во својата келија. Во македонската историја е познат и како директор на Гимназијата во Велес.