Со завршен концерт во велешкиот театар Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ ја заврши учебната година и го одбележа патрониот празник, 8 јуни. На сцената настапија учениците кои пред публиката покажаа како музицираат на инструментите кои ги изучувале изминатата година. Нивните настапи беа пречекани со огромен аплауз од страна на публиката.
Измината учебна година за музичкото „Стефан Гајдов“ беше исполнета со многу настапи, гостувања на фестивали, натпревари во државата и во странство, добиени награди, училишни концерти, стекнати нови знаења од успешно реализираниот проект ЕРАЗМУС + и многу работа и труд вложени од учениците и нивните наставници.
Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ продолжува и наредната година со ист интензитет во нови успеси и предизвици.