Во изминатите неколку денови се врши хоризонтално бележење на улиците низ градот. Заради поголема безбедност бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши и во наредните денови сè додека не се бележат сите коловози и не се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Ова е прво самостојно бележење на хоризонтална сигнализација на Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“.