Градскиот базен „Лидо“ во Велес започнува со работа. Од утре, 12 јуни, од 09 часот  ги отвора вратите за капачите. Посетителите секојдневно ќе можат да ги користат услугите за пливање до 19 часот.

Влезницата за дневно капење ќе изнесува исто како и минатата година 100 денари, додека сезонската влезница чини 2.000 денари и таа е веќе пуштена во продажба.

Повеќе информации за работата на Градскиот базен ќе најдете на нивната ФБ страница и на контакт телефонот 079 215 327.