Советникот Даниел Јаневски е новиот претседател на Советот на Општина Велес. Ваква одлука донесе Советот на денешната седница откако од функцијата претседател се повлече Зоран Љутков.

Градоначалникот Марко Колев се заблагодари за досегашната соработка со Љутков и му посака успех во неговиот следен предизвик. На новиот претседател на советот му посака успех во работењето и продолжувањето на досегашната пракса на соработка.