На сцената на велешкиот театар Јордан Хаџи Комнстантинов Џинот, Балетското студио Анабела го одржа својот годишен концерт. Сто и десет деца од три до 17 годишна возраст ги изиграа најдобрите кореографии со кои се натпреваруваа изминатата година и со кои освоија бројни награди во земјава и надвор од неа.

Публиката во преполната сала, два часа уживаше во прекрасните изведби на децата под ментортсво на кореографите Цеца Пајдакова и Дора Пајдакова и тренерите Кристина Коцевска која доби награда за 10 годишното членство и Мартина Ристовска.

Благодарници добија сите помагатели на балестското студио, а најдобрите членови на Анабела добија пофалници.

Со поддршка на Општина Велес, годишниот концерт на Анабела имаше хуманитарен карактер. Собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на нашиот мал сограќанин Мартин Талевски.