Организацискиот одбор на 57.Детски Рацинови средби распишува конкурс за предметните наставници од основните училишта, за изработка на мултимедијален ИКТ проект, инсприран од ликот и делото на безвремениот Коста Солев Рацин на тема:

 

„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

 

Право на учество имаат сите предметни наставници со своите ученици од основните училишта.

Мултимедијалниот проект треба да биде инспириран од животот и делото на бесмртниот Рацин, со посебен осврт на зададената тема. Креативноста во изработката е на самиот наставник и учениците, а во него ќе се вреднува оригиналноста, иновативноста, интерактивноста, инспиративноста, современите методи и форми на работа.

Секој наставник има право на учество со еден ИКТ проект. Снимката од активностите и презентациите да не биде подолга од 10 минути.

Изработките во форма на ИКТ содржини треба да бидат испратени најдоцна до 31.10.2024 година на следната електронска адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „За мултимедијален ИКТ проект“, со следните податоци: име и презиме на наставникот, училиште, место, е- адреса и телефон за контакт.

Најдобрите три проекта ќе бидат избрани од страна на стручна жири-комисија, формирана од организаторот.

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.

 

Рацинови следбеници, Ве очекуваме!

Со почит,

Организациски одбор на 57.Детски Рацинови средби