Организацискиот одбор на 57.Детски Рацинови средби распишува меѓународен ликовен конкурс на тема:

 

„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

 

Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во две категории: категорија основно образование и категорија средно образование.

Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет ликовни творби.

Детските цртежи треба да се оригинални. Учесниците на ликовниот конкурс, цртежите треба да ги достават најдоцна до 31.10.2024 год. на  ул.„Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „За 57.Детски Рацинови средби“ со следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-адреса.

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.

Рацинови следбеници, Ве очекуваме!

Организациски одбор на 57. Детски Рацинови средби

 

Ликовен конкурс – 57. Детски Рацинови средби