Организацискиот одбор на 57. Детски Рацинови средби  распишува конкурс на тема:

 

„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

 

Право на учество имаат сите одделенски наставници со своите ученици. Конкурсот подразбира групна литературно–ликовна творба.

Секој одделенски наставник–ментор, има право да учествува со една изработка.

Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет изработки.

Најзначајно е изработките да се оригинални, креативни, иновативни, инспиративни и соодветни на темата.

Творбите да се испратат или лично достават на адресата: ул.„Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „За 57. Детски Рацинови средби“ најдоцна до 31.10.2024 год. со следните податоци: име и презиме на наставникот, училиште, место, е-адреса и телефон за контакт.

Најдобрите три изработки ќе бидат избрани од страна на стручна комисија, формирана од организаторот.

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.

 

Рацинови следбеници, Ве очекуваме!

Со почит,

Организационен одбор на 57. Детски Рацинови средби

 

Литературно-ликовен колаж – 57. Детски Рацинови средби