Организацискиот одбор на 57. Детски Рацинови средби распишува рецитаторски натпревар за сите ученици од I до IV година од средните училишта.

Натпреварот ќе се одвива во три последователни круга. Во првиот круг натпреварувачите потребно е да испратат снимка од песната „Утрото над нас“ на следната е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака, „за рецитаторски натпревар“, најдоцна до 31.10.2024 година.

При рецитирањето на снимката не смее да се употребува фон.

Секој ментор има право да учествува со еден ученик. Од секое училиште можат да учествуваат тројца ученици.

Снимката да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број за контакт.

Жири-комисијата ќе направи избор на десет најдобри рецитатори, кои ќе се натпреваруваат во втор круг, за време на одржувањето на Манифестацијата со песна од Рацин по сопствена желба, која задолжително треба да биде научена напамет.

Најдобрите од вториот круг ќе влезат во трет круг и ќе рецитираат песна од Рацин по избор на жири-комисијата.

Рацинови следбеници, Ве очекуваме!

Со почит,

Организациски одбор на 57. Детски Рацинови средби


Рецитаторски натпревари – 57. Детски Рацинови средби