Подгответе се за смеа и забава со стенд ап комичарот Пеџа Бајовиќ. Вечерва, во Амфитеатарот со почеток во 21:00 часот, на сцената ќе настапи комичарот со 20 годишна успешна кариера кои со своите хуморески ги засмејувал жителите на повеќе од 50 земји во светот.

Стенд ап претставата на Бајовиќ е насловена „Најдобрите саат и кусур“ во која е собрано неговата две децениска кариера.

Стенд ап комедијата на Пеџа Бајовиќ е дел од Програмата на Велешко лето 2025.