Службите на ЈКП Дервен започнаа со неколкудневно темелно чистење на „Потокот“. Ќе се скастри обраснатото зеленило и со помош на механизација ќе се собира комуналниот отпад.
Општина Велес со апел до локалното население да се грижи за хигиената со цел да се создаде и одржува чиста и здрава животна средина.










