АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА „ПОТОКОТ“

Службите на ЈКП Дервен започнаа со неколкудневно темелно чистење на „Потокот“. Ќе се скастри обраснатото зеленило и со помош на механизација ќе се собира комуналниот отпад. Општина Велес со апел до локалното население да се грижи за хигиената со цел да се создаде и одржува чиста и здрава животна средина.  

ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ

Општина Велес ќе ја исплати еднократната парична поддршка за сите запишани првачиња во учебната 2025/2026. На сметките на родителите односно старателите на децата, по тој основ,  ќе бидат исплатени вкупно 1.363.320 денари. По завршувањето на изборниот процес и прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка и обработка со што започнува исплатата…