Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Велес 2 од 100,00 μg/m3.

Прагот на информирање е надминат во деновите 10.12.2025 и 11.12.2025 година , кога се измерени концентрации од 128,08 μg/m3 и 108,92 μg/m3

Препораки за граѓаните :

  • Општина Велес упатува апел жителите на жителите на општина Велес
  • Да користат јавниот превоз
  • Возила да не се користат без поголема потреба
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време по потреба
  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
  • Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;
  • Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците
  • Да се одложат сите активности на отворено

Во продложение Ви споделуваме , Добри практики за греење на дрва во домаќинствата и замолуваме крајно да ги почитувате

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/promotivni-materijali-file-d8rt.pdf