Целосно е сменета мрежата на уличното осветлување на улицата „11 Октомври“. На овој дел од градот се работеше на промена на подземната инсталација на мрежата на улично осветлување. Се поставија нови канделабри и лед светилки. Во согласност со временските услови, на почетокот на следната година оваа улица ќе биде реконструирана.






