На 26 декември 2025 година (петок), на брод Панини, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи спортската манифестација „Избор на спортист на годината 2025“.

Настанот е во организација на Сојузот на спортови Велес и Општина Велес. Ќе бидат прогласени најуспешните спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии. За своите постигнати резултати во индивидуални и екипни спортови за годинава ќе добијат награди и признанија.

Општина Велес ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од традиционалниот настан кој уште еднаш го потврдува силниот спортски дух на Велес и велешани.