Општина Велес потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес со што обезбеди финансиска поддршка за седум средношколци-матуранти за упис во прва година на факултетот.

Со овој меморандум за соработка се воспостави долгорочна, научно-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции, се овозможи развој на формалното образование и се обезбеди можност за студирање на нови студенти.