ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УПИС НА СЕДУМ МАТУРАНТИ НА ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ

Општина Велес потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес со што обезбеди финансиска поддршка за седум средношколци-матуранти за упис во прва година на факултетот. Со овој меморандум за соработка се воспостави долгорочна, научно-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции, се овозможи развој на формалното образование и се обезбеди можност за студирање на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Се реконструира водоводната мрежа на улица „11 Октомври“. Во тек е промената на старата и дотрајана водоводна мрежа со нова. По завршувањето на санирањето ќе започне целосна реконструкција на улицата како дел од проектите кои Општина Велес ги реализира во соработка со Министертсвото за транспорт и Владата на Република Македонија.