Велес од вчера стана спортски центар во земјава. Стартуваше петтото издание на Велешките спортски игри во Градски парк. Над 600 натпреварувачи, од кои стотина од Србија, Црна Гора, Турција, Америка, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија, ќе учествуваат на овие игри и ќе си ги одмерaт силите во фудбал, одбојка на песок, 3×3 баскет, тенис и на новата спортска дисциплина годинава street workout.
Од 1 до 6 јуни во Градскиот парк, љубителите на спортот, ќе имаат можност да проследат натпревари во разни спортски дисциплини, да се дружат и забавуваат.
Бројните посетители вчера, на првиот ден од јубилејното издание на Велешките спортски игри ја оправда и потврди реализацијата на оваа масовна спортска манифестација која со својата популарност излезе од границите на државата.
Организатор на спортските игри е спортско здружение Спортски игри.
Општина Велес ќе продолжи и во иднина со поддршка на вакви и слични спортски настани во градот.














