Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.