ТРЕТ ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во одлична атмосфера помина и третиот ден од Спортските игри Велес. Се одиграа многу натпревари на терените во Градски парк каде спортистите си ги измерија силите и освоија поени. Многубројната публика уживаше во натпревари во баскет, фудбал, одбојка на песок, тенис, а се дружеше и во катчето за опуштање и релаксација со вкусна храна и…

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.